Социјалното претпријатие „Нега Плус“ ги повикува сите заинтересирани да се пријават за учество на обука за негуватели за помош и нега на стари лица, најдоцна до 6 февруари.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р. С. Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;
- Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.
Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица е сертифицирана и бесплатна. Сите учесници кои ќе ја поминат обуката, ќе се стекнат со верификуван сертификат.
„Нега Плус“ e социјално претпријатие, односно професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамките на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Најдоцна до 6 февруари 2022 година заинтересираните кандидати треба да се пријават на е-адресата negaplus@hera.org.mk и да остават информации за контакт.
Кандидати(к)ите кои ќе ги исполнат условите, ќе бидат повикани на индивидуално интервју.
За повеќе информации можете да се обратите на погоре наведената е-адреса или на 070 299 026.