Во рамки на Неделата на сексуално и репродуктивно здравје на лица со попреченост, што ја организираме по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде отворена изложбата „Девојките одлучуваат“ која е дел од истоимената иницијатива на Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) и британскиот весник „Гардијан“. Фотографиите се дел од сторијата во Македонија, остварена заедно со Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Скопје и со Државниот дневен центар за лица со попреченост од Гостивар. Автор на фотографиите е Греам Робертсон.