Заедно со Коалицијата „Маргини“ и во соработка со Комисијата за заштита од дискриминација ја отпочнавме кампањата „За нација без дискриминација“ со цел да ја подигнеме свеста кај сите граѓани за дискриминацијата по сите различни основи и да почнеме да ја бришеме сликата која со години е создавана за лицата со различна сексуална ориентација.
Покрај видеоспот, во рамки на кампањата го промовираме Протоколот за утврдување на постапката во случаи на заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, кој Комисијата го усвои во рамки на проектот „Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ-граѓаните“ за да се олесни и забрза процесот, како и ефикасноста при решавањето на случаите за дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.