20.11.2017

Напредокот кон национално финансирање на програмите за заштита од ХИВ во Република Македонија

По 13-годишна финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, годинава Македонија го презеде финансирањето на клучните програми за превенција на ХИВ и туберкулоза.

Поаѓајќи од епидемиолошкиот контекст специфичен за Република Македонија и структурата на досегашниот национален одговор на ХИВ, овој документ дава осврт токму на процесот на транзиција, ги сумира главните предизвици и формулира препораки за итно делување.

Прашањето за финансирање на клучните програми за превенција на ХИВ е исклучително важно, особено ако се земе предвид дека Република Македонија е лидер во регионот со најниска стапка на ХИВ во Југоисточна Европа благодарение токму на долгогодишниот организиран национален одговор на епидемијата на ХИВ.

Публикацијата е достапна на македонски јазик.

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.