Мухамед Ајваз

Проектен координатор  

muhamed.ajvaz@hera.org.mk

Мухамед Ајваз е роден во Скопје. Додипломските студии ги завршува на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а со постдипломски студии продолжува на Институтот за социолошки и  политичко-правни истражувања при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје на програмата Политички науки и човекови права.

Во граѓанскиот сектор е вклучен веќе 5 години: во Здружението ,,Романо Авази” како локален координатор за организирање на заедницата, во улога на истражувач и уредник на студентско списание во здружението ,,Ромаверзитас” и како обучувач и организатор на настани во здружението ,,Сумнал”. За време на студиите бил практикант во ОУ ,,Браќа Рамиз и Хамид” и во ЈЗУ Геронтолошки завод ,,13 Ноември”, а е еден од организаторите на еден од најголемите балкански студентски кампови ,,Филозофијада”, каде што претходно има освоено четврто место во дебата на балканско ниво. Добитник е на плакета за успешна промоција на Филозофскиот факултетот и прогласен е за најдобар студент од здружението ,,Ромаверзитас” за учебната година 2015/16.

Во ХЕРА работи од 2018  година како проектен координатор во областа на менување на негативните наративи кон Ромите во здравствени установи. Главен фокус му се унапредувањето на правата на маргинализираните заедници, организирање, поддршка и јакнење на ромската заедница.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа и предлог-модалитети: здравствената заштита за репродуктивното здравје во Македонија

Жените во Македонија, особено оние од социјално ранливите групи, се соочуваат со различен вид на бариери во обидот да се снабдат со услуги за репродуктивното здравје. Лошото репродуктивно здравје е причина за една третина од глобалното оптоварување со болест кај жените во репродуктивна возраст и една петтина од сите причини за глобалното оптоварување од болести кај општата популација.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за ангажирање правен/-на советник/-чка

Во рамки на проектот „Унапредување на здравјето на Ромките”, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање правен/-на советник/-чка во Скопје, за периодот април – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.