Иако семејното планирање е есенцијална инвестиција која го подобрува мајчиното и здравјето на новороденчињата, ја зголемува независноста на жените и моќта за носење одлуки и ја намалува инциденцата на ХИВ и сексуално преносливите инфекции, сепак реалноста во Македонија е загрижувачка.
Колку за илустрација, кога станува збор за достапноста и користењето на модерна контрацепција, само 14 % од жените во земјава, кои се во врска или во брак, користат контрацепција која проверено штити од непланирана бременост.
За да ги предочиме потребата и важноста од семејно планирање, како и степенот на достапност и употреба на модерната контрацепција во Македонија, наспроти реализацијата на заложбите од страна на Владата, ја изработивме анализата „Пристап до средства за контрацепција и здравствени услуги за семејно планирање“.
Од неа произлезе документот за јавни политики „Со подобар пристап до контрацепција и услуги за семејно планирање до универзална здравствена заштита“. Доколку Ви треба поттик за да ги пролистате, ѕирнете ги банерите во продолжение: