Мобилна гинеколошка амбуланта

Мобилната гинеколошка амбуланта за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) работи од 2013 година со цел да го подобри пристапот и квалитетот на услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје меѓу жените од тешко достапните популации (сексуални работнички ( СР) и лица кои инјектираат дроги (ЛИД)), како и жени од рурални средини кои имаат ограничен пристап или воопшто немаат пристап до гинеколошки услуги.

Теренските активности се спроведуваат со теренско возило, соодветно адаптирано за нудење гинеколошки услуги, опремено со гинеколошки стол, ЕХО-апарат и потребни медицински инструменти. Гинеколошките услуги се нудат од стручен тим, составен од лекар специјалист, гинеколог акушер и медицинска сестра – акушерка.

Сервисот на мобилната амбуланта во својата работа строго ги почитува принципите на доброволност, доверливост, приватност и возрасна граница. Сите услуги кои се нудат се бесплатни.

ХЕРА ги спроведува теренските активности во соработка со партнерски организации во 10 градови низ државата: Куманово (Здружение „Пулс“), Тетово (Здружение ЦРУЈЖ), Гостивар (Здружение „Хелп“), Охрид и Струга (Здружение „Опција“), Прилеп, Битола (Здружение „Виа Вита“), Делчево и Виница (Здружение КХАМ), Струмица (Здружение „Избор“). Детални информации за теренските смени во градовите (ден, час и локација) можат да се добијат од локалната граѓанска организација.

Во мобилната амбуланта можат да се добијат следниве гинеколошки услуги:

  • Гинеколошки преглед
  • Ехо-преглед
  • Папаниколау тест
  • Тестирање за хламидија
  • Аплицирање на интраутерина влошка спирала
  • Орална хормонска контрацепција
  • Итна контрацепција
  • Брзи тестови за бременост
  • Бесплатен третман на СПИ
  • Советување за модерна контрацепција, планирање на семејство и прекин на бременост
  • Превентивно советување за ХИВ
  • Дистрибуција на бесплатни кондоми, лубриканти и едукативни материјали

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа и предлог-модалитети: здравствената заштита за репродуктивното здравје во Македонија

Жените во Македонија, особено оние од социјално ранливите групи, се соочуваат со различен вид на бариери во обидот да се снабдат со услуги за репродуктивното здравје. Лошото репродуктивно здравје е причина за една третина од глобалното оптоварување со болест кај жените во репродуктивна возраст и една петтина од сите причини за глобалното оптоварување од болести кај општата популација.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/-ка

Во рамките на проектот „Отвораме можности” поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, ХЕРА објавува конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/–ка во Скопје, за период јуни-декември 2019 година, со можност за продолжување.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.