ХЕРАмлади претставува неформална младинска група која постои како дел од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Уште од почетокот на нејзиното постоење, пред повеќе од десет години, работиме на унапредување на сексуалните и репродуктивни права за сите млади. Силно веруваме дека младите треба да имаат централна позиција во сите процеси кои нѐ засегаат – па и оние кои не нѐ засегаат.
Младинската група се состои од повеќе од 100 волонтери, а нѐ има и во повеќе градови во државава. Можете да нѐ најдете на социјалните медиуми како „Секси Маало“ на Facebook и heramladi на Инстаграм.
Доколку и ти ја делиш истата пасија како и нас – подобро утре за сите млади, тогаш пополни ја
оваа пристапница и почни да волонтираш со нас!
Во ХЕРА и ХЕРАмлади може да волонтираат сите млади луѓе на возраст од 15 до 24 години (дефиниција за млади според Светската Здравствена Организација).