Од крајот на 2016 година ХЕРА започна со нова програма за практиканти, која им е достапна на младите. Можноста да се биде практикант/ка во ХЕРА отвори нови насоки за развој на младите кои можат да градат искуство преку вклучување во секојдневните активности на организацијата.
Младите кои се заинтересирани да станат практиканти во ХЕРА треба да:
- се на возраст од 18 до 25 години,
- имаат најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или неформално здружение на граѓани,
- координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти во последните 2 години,
- имаат одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик,
- имаат изградени вештини за логистика,
- имаат изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, социјални медиуми) и
- се исполнителни.
Предност ќе имаат младите кои поминале:
- обука од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права и
- модул на сеопфатно сексуално образование (ССО).
Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и да стекнува искуство и знаења во спроведувањето на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности со цел зголемување на учеството на волонтерите во промоција на сексуалното и репродуктивното здравје и права и на ССО, како и зголемување на нивната вклученост како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.
Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката е секој работен ден од 08.30/9.30 до 12.30/13.30 или 12.30/13.30 – 16.30/17.30 часот. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата е 20 часа. Практикантот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.654,00 денари.
Заинтересираните треба да испратат:
- кратка биографија во која ќе ги наведат активностите што ги имаат спроведено како волонтери или активисти, и обуките кои ги поминале,
- индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што го оствариле претходното волонтерско искуство, и
- мотивациско писмо.
Ве молиме да наведете и телефон и е-пошта за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за практикант треба да се достават на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 17 мај (петок).
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.