Контра(млади)цепција низ факти ја прикажува ситуацијата во однос на употребата на модерната контрацепција помеѓу младите и укажува на потребата од преземање на мерки од страна на соодветните институции за да се зголеми бројот на девојки и жени кои што би употребувале модерна контрацепција.
Модерната контрацепција е еден од поважните аспекти на сексуалното и репродуктивно здравје, особено кај младите луѓе. Иако Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје и Националната стратегија за безбедно мајчинство предвидуваат обезбедување на бесплатна контрацепција, тоа сѐ уште уште не е остварено. Како резултат на тоа, стапката на употреба на модерна контрацепција во Република Македонија е најниска не само во регионот, туку и во светот.
Документот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.