ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата асистент/ка на проект за потребите на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Организацијата на Обединетите Нации (УНФПА).
Општи квалификации:
- Завршено високо образование во областа на општествените науки или медицински науки
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик
- Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
- Државјанство на Република Македонија
Искуство и вештини:
- Најмалку 1 година работно искуство на слична работна позиција
- Изградени вештини за административно и финансиско работење, организирање на активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
- Изградени вештини за комуникација
- Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
- Изградени способности за тимска работа
Предност ќе имаат кандидат(к)и со:
- Сензибилизираност за работа со социјално исклучени групи на граѓани и/или
- Искуство во невладин сектор
Опис на работната позиција:
- Асистентот/асистентката на проект е вклучен/а во имплементација на активностите и иницијативите кои се однесуваат на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”;
- Асистентот/асистентката на проект е вклучен/а во административно и финансиско работење, техничко и логистичко организирање на активности, работни состаноци и обуки;
- Асистентот/асистентката на проект е вклучен/а во процесот на прибирање податоци, како и во известувањето во однос на поставените индикатори и финансиската рамка во координација со координаторката на проектот.
Работниот ангажман е во период од 10 месеци, со работно време од 40 работни часови со вклучени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата во БРУТО износ е 650 долари според курсот предвиден од проектот (30.052,00 денари за првото тримесечје од годината).
Најдоцна до 27 февруари 2019 година (среда), заинтересираните кандидати треба да достават:
- Биографија на македонски јазик (во која јасно го наведуваат претходното искуство според условите на конкурсот),
- Писмо за мотивација и
- Една препорака од претходен работодавач.
Ве молиме наведете и телефон и е-адреса за контакт.
Документите со назнака на ковертот/предмет на пораката Конкурс за асистент/ка на проект можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје
Ќе се разгледуваат само оние кандидатки и кандидати кои ќе ги достават бараните документи. Оние кои ќе ги обезбедат доказите за бараните критериуми, ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на разговор.
Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати ќе имаат еднакви услови, без оглед на етничката припадност, родовата определба, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.