30.07.2019

Конкурс за вработување на финансиски/ка асистент/ка

ХЕРА објавува конкурс за вработување финансиски/ка асистент/ка во Скопје, на определено време од една година, со можност за продолжување на работното место.

Опис на ангажманот:

Финансискиот/ката асистент/ка го помага финансиското и административното работење на организацијата. Ова вклучува водење на тековни финансиски состојби на проектите на организацијата; подготовка и правење исплати на банкарски налози и средување на финансиската документација; подготовка на финансиски извештаи за проектите, но и за други потреби на организацијата; комуникација со државни институции при регистрација на проекти и други административни обврски кои произлегуваат кон државата; водење на каса- исплати на организацијата; пополнување на ДДВ/ЕПФ обрасци за УЈП за проекти ослободени од ДДВ; спроведување на набавки за организацијата; буџетирање на проекти; како и други задачи поврзани со финансиско-административното работење на организацијата согласно воспоставените внатрешни политики и регулативи.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • завршено високо образование;
  • најмалку тригодишно искуство во финансиско и административно работење со проекти;
  • одлични вештини на информатичка технологија, пред сѐ познавање на програмата Excel;
  • одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
  • познавање со канцелариско и административно работење;
  • насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
  • државјанство на Република Северна Македонија.

За предност ќе се смета:

  • познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (Агенции на Обединетите Нации, Европска Комисија);
  • сензибилизираност и искуство во работа со маргинализирани и социјално-исклучени групи граѓани;
  • возачка дозвола: Б категорија.

Основната бруто плата е 40.000 денари. Работното време е 40 часа во работната недела.

Најдоцна до 25 август 2019 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • детална биографија на македонски јазик;
  • писмо за мотивација на македонски јазик;
  • потврда за завршено образование;
  • потврда/препорака од претходен работодавач за најмалку тригодишно работно искуство во финансиско и административно раководење со проекти.

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидат(к)и.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката: Конкурс за финансиски/ка асистент/ка можете да ги доставите на еден од следниве начини:

електронски: konkurs@hera.org.mk
по пошта:  

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.