Општина Кисела Вода и нашето социјално претпријатие „Нега Плус“ објавуваат конкурс за учество на обука за негуватели за помош и нега на стари лица. Обуката се организира во рамките на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домот во рамки на општината, кој се реализира со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат најдоцна до 31.12.2020 година.
Заинтересирани треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р. С. Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и
- Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.
Напомена: Обуката за негувател(ка) за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.
Особено ги охрабруваме жените кои имаат статус на долгорочно невработени или кои припаѓаат на Ромската етничка заедница да се пријават на повикот.
„Нега Плус“ e социјално претпријатие, односно професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамките на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 31.12.2020 да се пријават кај Ана Ѓуроска (ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk, 071/391-167) или кај Симон Тошанов (simon.toshanov@kiselavoda.gov.mk, 070/683-810) и да ги остават своите контакти.
Кандидати(к)ите кои ќе ги исполнат условите, ќе бидат повикани на индивидуално интервју.