ХЕРА објавува јавен оглас за хонорарно ангажирање на проектен/-на координатор/-ка за млади во Скопје, на определено време.
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Координаторот/-ката ќе биде одговорен/–на за:
- Спроведување на обуки и врснички едукации во и вон училиштата;
- Застапување за формално сеопфатно сексуално образование (ССО);
- Координација и техничка поддршка на групата млади волонтери во ХЕРА;
- Регрутирање на нови волонтери и нивно воведување во работата на ХЕРА;
- Комуникација со партнерски организации, со донесувачи на одлуки и политичари;
- Медиумско претставување на младинската програма на ХЕРА;
- Подготовка на содржините од младинската програма за промоција на социјални мрежи;
- Учество и претставување на ХЕРА во младински мрежи и иницијативи;
- Редовно известување за активностите од младинската програма и стратегиските индикатори во согласност со потребите на донаторите и организацијата.
Работниот ангажман е во период јули – септември 2023, со 8-часовно работно време, со можност за продолжување и вработување на определено време.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование;
- Најмалку едногодишно работно искуство во раководење на проекти;
- Изградени вештини за информатичка технологија;
- Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со млади.
За предност ќе се смета:
- Волонтерско или работно искуство на работа со проекти за млади и младински прашања
- Претходна соработка и вклученост во иницијативи и активности за млади со младински организации и училишта
- Завршени обуки за сеопфатно сексуално образование
- Искуство во процеси на застапување на локално и национално ниво
Најдоцна до 30 јуни 2023 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик,
- писмо за мотивација на македонски јазик и
- потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка за млади треба да се испратат на следната електронската адреса konkurs@hera.org.mk