ХЕРА објавува јавен оглас за хонорарно ангажирање на координатор/-ка (менаџер/-ка) на Младинскиот центар „Сакам да знам” во Шуто Оризари во Скопје, на определено време.
1. Опис на работната позиција, задачи и услови:
Координаторот/-ката ќе биде одговорен/–на за:
- Oрганизирање на активностите, едукациите и сервисите во рамките на Младинскиот центар „Сакам да знам” – Шуто Оризари;
- Теренска работа за промоција на здрави навики и на услугите во Младинскиoт центар, информирање и едуцирање на ромското население, правење проценка на потребите за услуги и упатување, пред сѐ, за младите и жените, остварување на социјални и здравствени права и заштита од дискриминација и насилство;
- Поднесување месечни извештаи за активностите, услугите и клиентите во Младинскиот центар до проектниот координатор за младинските пријателски сервиси, вклучувајќи ги и маргинализираните групи;
- Спроведување анкети за задоволство на клиенти;
- Организирање на распоредот на давателите на услуги;
- Соработка со граѓански организации, училишта и/ или социјални институции на територија на Град Скопје кои имаат потреба од услугите во Младинскиот центар;
- Промоција на услугите на социјални медиуми и контактирање со лица од заедницата заради максимално искористување на услугите од заедницата и од лицата кои имаат потреба од нив;
- Внесување на формуларите од клиентите во онлајн базата на податоци на ХЕРА за сервиси, водење дневни евиденции за извршени прегледи и советувања од страна на давателите на услуги и укажување на нивно редовно пополнување.
Работниот ангажман се однесува на периодот август – октомври 2023 година, со 7-часовно работно време, со можност за продолжување и вработување до крајот на 2023 година и во 2024 година на определено време.
Работниот ангажман се однесува за период од 5 месеци со полно работно време од 35 работни часови неделно. Предвидената плата во БРУТО износ изнесува 37.500 денари.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование;
- Најмалку едногодишно работно искуство во раководење проекти;
- Изградени вештини за информатичка технологија;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со млади и маргинализирани групи.
За предност ќе се смета:
- Диплома од областа на социјалната работа и политика и/или психологијата;
- Претходна соработка и вклученост во иницијативи и активности за млади со младински организации и училишта;
- Искуство во теренска социјална работа и/или
- Искуство во работа со Роми.
3. Пријавување
Најдоцна до 15 август 2023 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Детална биографија на македонски јазик;
- Писмо за мотивација на македонски јазик, и
- Потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на Младинскиот центар – Шуто Оризари треба да се испратат на следната електронската адреса konkurs@hera.org.mk.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.