Во рамките на проектот „Отвораме можности” поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, ХЕРА објавува конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/–ка во Скопје, за период јуни-декември 2019 година, со можност за продолжување.
Опис на ангажман:
Финансискиот/-ката асистент/-ка ќе биде одговорен/-на за водење на финансиските и административните работи на проектот. Ова вклучува водење на тековната финансиска состојба, подготовка на налози за исплата и договори, подготовка на финансиски извештаи, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење на проектот.
- Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Диплома за завршено високо образование
- Најмалку двегодишно работно искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската Комисија
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик
- Изградени вештини за информатичка технологија
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
За предност ќе се смета:
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани
- Познавање на концептот на социјално претприемништво
Ангажманот трае до 31 декември 2019 година со можност за продолжување и за него е предвиден БРУТО надомест од 700 евра во денарска противвредност за 40 работни часа неделно.
Најдоцна до 17 јуни 2019 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик
- писмо за мотивација на македонски јазик
- потврда/препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската Комисија
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за финансиски/-ка асистент/-ка можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: |
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување |