ХЕРА објавува јавен оглас за вработување проектен/на координатор/ка во Скопје со времетраење до 31.12.2020, во рамки на проектот „Ромките застапуваат за еднакви можности при вработување“ поддржан од Шведската фондација Kvinna till Kvinna.
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Координаторот/-ката ќе биде одговорен/-на за спроведувањето на активности во рамки на проектот во согласност со временската рамка вклучително и пренесувањето пораки на социјалните медиуми во врска со вработувањето Ромки, ќе ја координира и ќе дава поддршка на Групата за застапување и ќе учествува во застапување на локално и на национално ниво, ќе организира обуки за Групата и ќе учествува во теренски истражувања. Дополнително, ќе подготвува извештаи и ќе обезбедува средства за верификација од спроведувањето на активностите. Координаторката/-от е целосно одговорна/-ен за административните и логистичките аспекти во имплементацијата на проектот.
Работниот ангажман е во период март – декември 2020, со осумчасовно работно време. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 550 евра во денарска противвредност.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома за завршено високо образование;
– Најмалку двегодишно работно искуство во спроведување на проекти;-
– Основни познавања во области поврзани со човековите права кај ромската заедница во Македонија;
– Изградени комуникациски вештини;
– Напредно користење на социјални медиуми за маркетинг промоција;
– Изградени вештини за информатичка технологија;
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи и тимска работа.
За предност ќе се смета:
– Работно искуство во граѓанскиот сектор;
– Работно искуство во проекти за унапредување на правата за ромската заедница во Македонија;
– Искуство во процеси на застапување на локално и национално ниво за унапредување на правата за ромската заедница во Македонија.
Најдоцна до 1 март 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик
- писмо за мотивација на македонски јазик
- потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство во раководење на проект.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.
Kандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на проект за застапување за еднакви можности при вработување или можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје