28.10.2019

КОНКУРС за практикант/ка во ХЕРА

На крајот од 2016 година ХЕРА започна со нова програма за практиканти, која им е достапна на младите. Можноста да се биде практикант/ка во ХЕРА отвори нови насоки во кои младите можат да се развиваат и да градат искуство преку  вклучување во секојдневните активности на организацијата.

Младите кои се заинтересирани да станат практиканти во ХЕРА треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Возраст од 18 – 25 години
  • Во последните 2 години координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Изградени вештини за логистика
  • Изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, социјални медиуми)
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

Предност ќе имаат младите кои :

  • Имаат поминато обука од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права
  • Поминале модул на сеопфатно сексуално образование

Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и да стекнува искуство и знаења во имплементација на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности со цел зголемување на учеството на волонтерите во промоција на СРЗП и ССО како и зголемување на инволвираноста на волонтерите како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.

Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката  е секој работен ден од 08:30/9:30 до 12:30/13:30 или 12:30/13:30 – 16:30/17:30 часот. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата е 20 часа. Практикантот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.654,00 денари.

Заинтересираните волонтер(к)и најдоцна до 31 октомври да испратат:

  • кратка биографија во која ќе се наведат активностите кои ги имплементирале како волонтери или активисти, како и обуките кои ги поминале
  • мотивациско писмо

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за практикант“ можете да ги доставите по електронска пошта: konkurs@hera.org.mk

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за видео продукција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно промотивно видео и кратка верзија од видео спотот.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.