Реализиравме серијал од три видео стории во рамките на проектот „Вработена Ромка = Независна Ромка“, финансиран од шведската фондација Kvinna till Kvinna, со цел да се охрабрат младите Ромки, и да се поттикнат креаторите и носителите на одлуки конечно да ги подобрат можностите за вработување на Ромките кај нас.
Др. Афродита Берат Хусеини
Кога човек не се соочува со дискриминација, огромни се шансите да си ги оствари соништата! Ова го потвдува докторката Афродита Берат Хусеини, чии родители се првите Роми доктори во Македонија. Свесна дека поддршката од нив била клучна за нејзиниот успех, таа вели: „Имам порака и до родителите. Би им препорачала да не ги втурнуваат девојчињата во малолетнички бракови со кои им се оневозможува правото на образование и да ги поддржат во нивните амбиции.“
Лолита Хасани
„Младите Ромки, но и младите Роми првенствено треба да се фокусираат на нивното образование. Треба да бидат мотивирани да се образуваат. Бидејќи кога човек има образование, го спознава светот и е спремен за различни ситуации коишто ќе наидуваат во животот“. Во ова силно верува Лолита Хасани, чија приказна ја споделуваме за да, од една страна, ги зголемиме мотивацијата и посветеноста на носителите на одлуки да ги подобрат можностите за вработување на Ромките во земјава, а од друга страна да ја подигнеме свеста кај јавноста, а особено кај младите Ромки дека само вработената Ромка може да биде независна.
Бајса Арифовска
Инспиративната Бајса Арифовска вели: „Младите Ромки најпрво треба да си се следат себеси, да се стремат кон остварување на своите соништа. Да се стремат кон едукација. И она што го има во нив како дар и како способност да се извади на виделина, за да се биде корисен во општеството. Затоа што, едукацијата е клуч со кој може да се срушат многу стереотипи.“