Катерина Спасовска

katerina-spasovskaЧленка

Katerina.spasovska@hera.org.mk

Катерина Спасовска е дипломиран доктор на медицина и магистер по медицински науки. Oд 2011 година е вработена како лекар на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Инаку член е на ХЕРА од нејзиното основање во 2001 година. Во рамките  на својот ангажман, има работено како координатор на повеќе проекти како: Инфолинија за ХИВ/СИДА, Едукација на наставен кадар за ТБЦ, и особено проектот за Доброволно советување и тестирање за ХИВ (ДСТ). Дополнително е советувач на инфолинијата, пиер едукатор и тренер за пиер едукација, тренер за ДСТ, и советувач на лица кои живеат со ХИВ. Во рамките на својот ангажман, во два наврати има спроведено евалуација на теренското и стационарното тестирање за ХИВ. Истотака има учествувано во изготвување на апликациите за грантот на Глобален фонд за рунда 7 и рунда 10. Дополнително, таа е коавтор на повеќе публикации како Прирачник за ДСТ, Превенција на професионална експозиција на ХИВ, Превенција на вертикална трансмисија на ХИВ и сл. Во 2006 година, таа станува стипендист на владата на САД и поминува едногодишна програма за професионалци од областа на ХИВ/СИДА и јавно здравје, во Атланта, САД. Во моментов работи како советувач за лицата кои живеат со ХИВ како и советувач пред и по ХИВ тестирање, во советувалиштето за ХИВ при клиниката.  Од јуни 2013 година е избрана за член на Управниот одбор на ХЕРА.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.