Картата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето. Целта на ова истражување е Ромките што живеат во општина Шуто Оризари да ги оценат и да ја следат достапноста и пристапот до здравствени услуги во текот на бременоста, породувањето и во периодот по породувањето.
И по четврта година од следењето на здравствените услуги кои ги добиваат бремените жени од Шуто Оризари, опфатот на бремените Ромки од страна на патронажната служба останува на ниско ниво, а обемот и квалитетот на услугите од патронажните сестри бележи постојан тренд на опаѓање. Податоците од терен покажуваат дека мерките од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата не одговараат на потребите на бремените жени, ниту пак стигнуваат до крајните кориснички во практика.
Целото истражување погледнете го на овој линк.
Година на издавање: 2016