Се придруживме кон информативната кампања под слоганот „Зачекори напред! Изборот е твој“ за да ги информираме граѓан(к)ите за придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија, поврзани со родителското и породилното отсуство. Им благодариме на Мирјана Најчевска, Катарина Ивановска, Ана Јовковска и Ангел Гина што ни помогнаа да ја подигнеме свеста на оваа тема.