За потребите на проектот „Семејни лекари – Партнери во проширувањето на пристапот и изборот до услуги за контрацепција и сексуално и репродуктивно здравје“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување има потреба од набавка на канцелариски мебел.
Потребните количини/обемот на набавката ќе бидат дополнително одредени.
Опис на набавката:
- Метален шкаф за лекови со заклучување
- Работно биро со фиокар
- Канцелариска столица за биро
- Клуб масичка
- Столица за клуб масичка
- Подна закачалка
- Подна ламба
- Масичка за инструменти со тркалца за ординација
- Столче за преглед со тркалца за ординација
Понудата треба да се достави најдоцна до 10.01.2022 година, во која ќе биде наведен и рокот на испорака на производот. Исто така, цените на производите треба да е со вклучен ДДВ.
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на канцелариски мебел можат да се достават електронски на: sanja.jordanoska@hera.org.mk
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од најмногу 3 (три) работни дена по донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите останати понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.
За дополнителни прашања обратете се на: sanja.jordanoska@hera.org.mk