Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен повик за консултантски услуги за изработка на анализа на трошоци за специјализирани услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство, раководени од невладини организации, согласно утврдените стандарди. Рокот за пријавување е продолжен до 12 јуни 2018 година.
Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен повик за консултантски услуги заизработка на анализа на трошоци за специјализирани услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство, и тоа:
- Национална СОС линија за помош и поддршка на жени жртви на насилство и семејно насилство
- Кризно сместување на жени жртви на насилство и семејно насилство
- Згрижување на жени жртви на насилство и семејно насилство
- Психосоцијално советување на жртви на насилство и семејно насилство
- Бесплатна правна помош за жени жртви на насилство и семејно насилство
- Кризен центар за жени жртви на сексуално насилство
Анализата се изработува во рамки на проектот Техничка помош на Владата и на граѓанските организации во надминување на предизвиците за обезбедување на специјализирани услуги и усогласување со минималните стандарди утврдени со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во рамки на Програмата „Сопирање на насилството врз жените: спроведување на норми, менување на умот“, финансиран од UN Women.
Очекуваниот резултат е развиена методологија за анализа на трошоци и проценка на трошоците на 6 специјализирани услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство, во согласност со утврдените стандарди за услугите.
Активности
- Преглед на постојните документи, закони и подзаконски акти како и документи изработени од граѓански организациии меѓународни организации;
- Соработка со сите чинители во текот на подготовката на методологијата со цел да се дадат усогласени препораки;
- Подготовка на предлог-методологија за утврдување на трошоците за испорака на услугите и предлог-структура на трошоци по услуга: минимален стандард на услуги, повисок стандард и дополнителни услуги за корисниците;
- Проценка на трошоци за следните специјализирани услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство: национална СОС линија за помош и поддршка на жени жртви на насилство и семејно насилство; кризно сместување на жени жртви на насилство и семејно насилство; згрижување на жени жртви на насилство и семејно насилство; психосоцијално советување на жртви на насилство и семејно насилство; бесплатна правна помош за жени жртви на насилство и семејно насилство; кризен центар за жени жртви на сексуално насилство;
- Презентација на предлог методологијата и проценката на цени на услугите на работилница за евалуација на првичните наоди од анализата;
- Изработка на финална верзија на методологијата и проценката на трошоци на услугите до август 2018 година;
- Тековни консултации по однос на подготовката на документот.
Очекувања
- Да се изработи предлог-методологија за пресметка на цена на услуги за 6 специјализирани услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство до јуни 2018 година и
- Да се изработи проценка на трошоци за 6 специјализирани услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство до август 2018 година
Конкурсот е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 12 јуни 2018 година, а изборот на консултант ќе заврши до 14 јуни. По изборот, консултантот ќе потпише договор за авторско дело со Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Сите заинтересирани кандидат(к)ите треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија
- Предлог-методологија
- Референтна листа на претходни слични ангажмани
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на надворешен консултант кандидат(к)ите можат да ги достават електронски на konkurs@hera.org.mk или по факс на 02 55 6 002.
При изборот на консултант ќе се земат превид следните услови:
- Завршено високо образование, факултет на општествени науки;
- Докажано искуство во спроведување на економски проценки, истражувања и сумирање на согледувањата, заклучоците и препораките;
- Докажано искуство со собирање податоци и примена на методологии, како и искуство за анализа на оваа тема;
- Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи како и интерперсонални вештини
- Искуство во идентификување и пресметка на трошоци на социјалните услуги или други услуги/мерки (минимум 2 слични задачи со предметот на овој оглас);
Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
- Стекната магистерска или докторска титула
- Познавање на националните политики за превенција и заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство
- Искуство во спроведување економски проценки од областа на социјалната заштита, особено заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство
Х.Е.Р.А. гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте ја програмската координаторка Кристина Плечиќ Беќарова на kristina.plecic@hera.org.mk