КОВИД-19 е сериозно заболување и секој од нас треба да настојува да го сведе на минимум ризикот од пренос и ширење на вирусот. Најдобрата заштита е редовното миење на рацете со сапун и вода, избегнувањето на контакт со секој кој има настинка и кашлица и, секако, самоизолацијата во случај на симптоми. Во време на КОВИД-19, бремените жени се сметаат за поранлива категорија поради нивната општа состојба, иако истражувањата не покажуваат дека се поподложни на вирусот или дека се во поголем ризик да развијат сериозни симптоми.
Информацијата значи здравје, па токму затоа, во соработка со Министерството за здравство и со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, ја изработивме брошурата „Информирај се, заштити се!“ во која бремените жени може да најдат важни информации поврзани со симптомите на коронавирусот и текот на бременоста.
Брошурата „Информирај се, заштити се!“ е достапна и на албански јазик .