Совет за човекови права, 26-то заседание
Точка 6: Разгледување на резултатите од македонската УПА
(Универзална периодична анализа)
Изјава на Mеѓународната федерација за планирано родителство
Јуни 2014
Ви благодарам Г-дине претседател
Се викам Драшко Костовски и ја давам оваа изјава во име на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување и Меѓународната федерација за планирано родителство.
Добредојдени се позитивните препораки од Советот за човекови права поврзани со ситуацијата за човекови права во Република Македонија, особено оние кои покреваат прашања поврзани со сексуално и репродуктивно здравје.
Од особено значење ни се и препораките за итно засилување на напорите на државата за укинување на сите форми на дискриминација базирана на сексуалната ориентација, родот и родовиот идентитет и засилување на анти-дискриминаторскиот закон, категорично забранувајќи дискриминација по овие основи. Императив е државата да преземе ефективни мерки за борба против насилството и дискриминација против ЛГБТИ заедницата со покренување на брзи, објективни и ефективни истраги во врска со нападите на ЛГБИ лица и организации.
Исто така добредојдени се и препораките за овозможување пристап до највисоко достапниот стандард за здравјето на Ромите, зголемувајќи покривање на здравственото осигурување, отстранување дискриминација во здравствената заштита, овозможување достапност на гинеколошки услуги и зголемување на вакцинациска покриеност.
Изразуваме благодарност до владите за препораките до државата за целосно имплементирање на препораките од Советот на конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените. Ја повикуваме владата да преземе мерки за зајакнување на системот на сервиси и прифатни центри за заштита на жртви од сите форми на насилство.
Бевме разочарани кога видовме само неколку препораки во одност на здравјето на луѓето кои живеат со ХИВ. И покрај тоа што и се заблагодаруваме на државата за неодамнешното зголемување на буџетот за антиретровирусната терапија, бараме и сигурен механизам за овозможување антиретровирусни лекарства под Националниот фонд за здравствено осигурување.
Исто така ја поттикнуваме владата да му даде приоритет на здравјето на жените и сексуалното и репродуктивно здравје на корисниците на дрога, сексуалните работници и луѓето со попреченост. Ја молиме владата да воведе систем за сеопфатно сексуално образование за млади луѓе и подобрен пристап до модерна контрацепција.
Ви благодариме.