Единствениот начин да се дознае личниот ХИВ статус е да се направи ХИВ тест. Колку порано се дознае ХИВ статусот, толку порано ХИВ позитивното лице може да пристапи до терапија, како и до услуги за поддршка, со што се сочувува имунитет и може да се живее квалитетно и долго.
ХИВ статусот може да се дознае и преку самотестирање, односно со брз ХИВ тест за домашна употреба. Овој тест дава брз и точен резултат во дискретни услови – дома или на место и во време по личен избор – без да биде вклучено друго лице во процесот на тестирање.
Имајќи предвид дека самотестирањето за ХИВ претставува иновативен начин на тестирање за ХИВ, ја подготвивме брошурата „Сè што е важно да знаеш за самотестирањето за ХИВ“. Во неа се содржат информации за придобивките и за начинот на тестирање со приборот за ХИВ самотестирање, како и за животот со ХИВ, за начините на кои (не) се пренесува овој вирус и за останатите сексуално преносливи инфекции. На крајот се наведени сите здравствени установи и сервиси на граѓанските организации кои даваат бесплатно и доверливо советување и тестирање за ХИВ.
Брошурата е достапна тука. А доколку сакате да се тестирате за ХИВ со брзиот ХИВ тест за домашна употреба, пополнете го овој прашалник.
За да се запознаете подетално со начинот на изведување на тестот, погледнете го видео-упатството за употреба на брзиот орален ХИВ тест за домашна употреба на следниов линк.