Весна Матевска, родена во Скопје, дипломира на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје во 2007 година. Како психолог, се надградува во областите на психоедукација и психотерапијата. Член е на Македонската асоцијација за трансакцискa анализа (МАТА). Сертифицирана е за работа со сторители на семејно насилство.
Започна да работи во ХЕРА во 2008 година како психолог во младинскиот центар „Сакам да знам“. Од 2012 година е на позицијата на програмска раководителка, а од 2013 е назначена за одговорно лице за заштита на деца и млади под ризик во организацијата. Како програмска раководителка работи на темата Сексуалност и лица со попреченост, област која во ХЕРА се развива од 2010 година.
Дополнително, вклучена е во областите за унапредување на здравјето и сексуалните и репродуктивните права на Ромите, со посебен акцент на жените и девојките. Се залага за зајакнување на жените и активно учествува во борбата против семејното насилство во Македонија.