Весна Илиевска Утевска

Весна Илиевска Утевска

Весна Илиевска Утевска

Весна Илиевска Утевска, родена во Скопје, дипломира на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.

Во граѓанскиот сектор има координирано проекти на тема од животната средина и зачувување на природните ресурси, особено од заканите од инфраструктурни проекти. Водела програми за едукација од областа на екологијата и одржливиот начин на живот, како и неформално образование за млади. Има пасија за природа, јазици,  феминизам, личен развој, пронаоѓање на заедничката нишка помеѓу сите различности. Се залага за еднаквост, солидарност и рамноправност меѓу сите луѓе без поделби на каква било основа, како и за поддршка на маргинализираните групи во општеството.

Верува дека јогата и практикувањето свесност може да доведат до спознавање на единството помеѓу сè што постои и дека таквата свесност природно води кон рамноправност и продлабочување на човековите права, како и кон грижа за планетата и сè што постои на неа. Водена од таквите идеи, таа е сертифициран инструктор по јога и држи часови по јога и медитација. Има искуство и како преведувач и наставник по грчки јазик.

Од 2018 година работи во ХЕРА како проектна координаторка одговорна за сервисот за теренско и стационарно доброволно советување и тестирање за ХИВ.