Румена Ѓердовска Којчески

Румена Ѓердовска Којчески

Румена Ѓердовска Којчески

Румена Ѓердовска Којчески е дипломиран социјален работник, вработена во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрлни состојби Скопје во Советувалиштето за ХИВ/СИДА.

Почетоците на активизмот во невладиниот сектор ги започнува уште во студентските денови кога се вклучува во првите обуки за советувач за ХИВ и оператор на СОС линија.

Во ХЕРА е ангажирана од 2007 година како ХИВ советувач и социјален работник за поддршка на лица кои живеат со ХИВ. Како долгогодишен и искусен советувач, таа е и тренер на обуките за доверливо советување и тестирање за ХИВ а во последните години спроведува и евалуации на советување и тестирање во мобилните и стационарни сервиси за ХИВ.

Како коавтор учествува во повеќе публикации поврзани со темата ХИВ и сексуално преносливи болести и има учестувано во повеќе истражувања како теренски истражувач и експерт во работни групи.