Росица Тошевска

Росица Тошевска

Росица Тошевска

Росица Тошевска е родена и живее во Скопје. По завршувањето на студиите по новинарство на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, првото работно искуство го стекнува како новинар во дневниот весник „Време“. Својот професионален развој го продолжува во областа на проектниот менаџмент во рамки на ИПА Структурата во Министерството за образование и наука, каде што координира проекти на теми од формалното и неформалното образование согласно правилата и процедурите за финансирање на надворешни акции на Европската Унија. Нејзините административни вештини и стекнатото искуство во креирање и управување со јавни политики во секторот образование, вработување и социјална политика се надополнуваат на нејзиното новинарско искуство за собирање на информации и нивно достоверно презентирање.

Има пасија кон фотографијата и визуелните уметности па оттаму започнува да се надградува во областа на графичкиот дизајн. Верува во позитивни општествени промени преку обезбедување на еднакви права и можности за сите граѓани и поддршка на најранливите групи.

Во Хера започна да работи во јануари 2020 година како проектна координаторка на ИПА проектот „Отвораме можности“.