Росана Богатинова

Росана Богатинова

Росана Богатинова

Росана Богатинова е магистер по правни науки од областа на кривичното право, со положен правосуден испит.
Во периодот од 2012 до 2013 година е ангажирана како стручен соработник во канцеларија на извршител во Скопје, каде што стекнува знаења и вештини за спроведување на извршната постапка.

Во 2013 година е избрана за универзитетски асистент по предметот кривично материјално право на Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет во Скопје. Авторка е на трудовите „Споредбена анализа на законските битија на кривичното дело убиството на миг и убиството извршено со пречекорување на границите на нужната одбрана” и „Казнено-правни и морално-етички аспекти на репродуктивното клонирање”, кои во текот на академското работење се објавени во меѓународни научни списанија.

Во 2016 година го започнува својот ангажман во ХЕРА како правен советник и полномошник на организацијата, истовремено работејќи на проектите „Интеграција на правно зајакнување и мониторинг на заедницата за унапредување на репродуктивното  здравје на Ромките од Шуто Оризари”, „Бранење на правото на избор – абортус” и „Владеење на правото за ЛГБТИ”, со примарна надлежност во обезбедување правна помош за клиенти од социјално исклучените групи на граѓани кои се соочуваат со прекршување на сексуалните, здравствените и социјалните права.