Оливера Стојковска Ивановска

Оливера Стојковска Ивановска

Оливера Стојковска Ивановска

Оливера Стојковска Ивановска се придружува во тимот на ХЕРА во март 2020 година како координаторка на проект за унапредување на политиките за вработување и економско зајакнување на Ромки.

Дипломира на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Факултетот за јавна администрација и политички науки во 2012 година.

По завршувањето на студиите, преку волонтерски ангажман започнува лично и професионално да се развива во граѓанскиот сектор. Во 2013 година започнува да ја гради својата кариера преку административно и програмско раководење на проекти и програми во невладината организација Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце“ – Тетово, каде што останува да работи повеќе од седум години.

Во ХЕРА, Оливера покажува особена посветеност кон подобрување на пристапот до здравствени услуги и унапредување на сексуалните и репродуктивните права, со посебно внимание на ранливите заедници. Од 2024 година, таа работи како програмска асистентка, придонесувајќи во реализацијата на проектите насочени кон овие цели.

Таа се стреми да придонесе кон создавање инклузивно општество во кое ќе се почитуваат човековите права и ќе се обезбедат еднакви можности за сите.