Николина Стојанова

Николина Стојанова

Николина Стојанова

Николина Стојанова стана дел од ХЕРА во октомври 2021 година, како координаторка на проект чија цел е обезбедување специјализирани сервиси за жртвите на родово засновано и семејно насилство надвор од Скопје, во соработка со граѓански организации и претставници на Центрите за социјална работа на локално ниво и со поддршката на УН ВОМЕН.

Нејзиното претходно работно искуство се состои од координација на проекти поврзани со развој на претприемачки вештини и работа со стартап компании, а беше одговорна и за координација и организација на активностите на ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери и на широк спектар на активности во Фондот на иновации и технолошки развој.

Таа верува дека само со заеднички, координиран пристап на сите социјални чинители и со јасно и транспарентно информирање и едукација можат да се постигнат темелни промени што ќе водат кон поправедно општество за сите.