Мимоза Серафимовска

Мимоза Серафимовска

Мимоза Серафимовска

Мимоза Серафимовска е студентка во шеста година на општа медицина на Медицискиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Во средношколските денови активно била вклучена во повеќе невладини организации како волонтерка и дебатерка, каде што стекнала способност за критичко размислување, аргументирање и младински активизам. 

Своите вештини за работа со млади луѓе ги стекнува на претходната позиција Дебатен тренер во организацијата Младински образовен форум. 

Во тек на студиите активно членува во студентски организации и дополнително се залага за унапредување на студентскиот стандард преку членување во Факултетското студентско собрание на Медицински факултет и Универзитетскиот сенат.

Во 2024 година, Мимоза станува дел од тимот на ХЕРА како Младинска координаторка. Нејзината работа се состои во координирање на активностите на ХЕРА млади, со фокус на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите, но и поттик за развој и иницијативи на младите во полето на културата.