Мила Царовска дипломирала на Институтот за социјална работа и политика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Магистрирала во областа на јавно здравје, при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов е на студии на Меѓународната мастер програма за менаџери на (International Master Program for Managers) на Универзитетот Ланкастер во Обединетото Кралство.
Работела како програмска раководителка и лице одговорно за застапување во ХЕРА во периодот 2005-2015 година во областите на социјална инклузија, родова еднаквост, родово-базирано насилство, сексуално и репродуктивно здравје и права кај социјално исклучени лица.
Во својата професионална кариера со својата работа придонела во креирањето на државни и институционални позитивни политики и мерки во областа на социјална работа, образованието и инклузијата, родовата еднаквост и заштитата на маргинализираните групи како министерка за труд и социјална политика (2017-2020), вицепремиерка за економија (2020) и министерка за образование и наука (2020-2022).
Била ангажирана како експерт во повеќе домашни и меѓународни организации во областите на родова еднаквост, заштита на маргинализирани групи и креирање на инклузивни социјални политики.