Мери Цветковска

Мери Цветковска

Мери Цветковска

Мери Цветковска од 2017 година е дел од тимот на ХЕРА како координаторка на младинската група. Работи во областа на сеопфатното сексуално образование и волонтерските активности на ХЕРАМлади.

Правните студии ги завршува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а своето образование го продолжува на постдипломски студии од областа на меѓународното право. Во невладиниот сектор и младинските организации е веќе 8 години, меѓу кои ЕУ Инфо Центарот во Скопје, АЕГЕЕ и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Во нејзиниот фокус се човековите права, активизмот и младите.