Мери Богоромова

Мери Богоромова

Мери Богоромова

Мери Богоромова е родена 1987 година во Струмица, работи и живее во Скопје. Додипломските студии ги завршува на Филозофскиот Факултет при Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на Институтот за Историја, отсек – Историја со архивистика. По завршувањето на студиите волонтира во Државниот архив на Република Македонија одговорна за Средување и обработка на архивска граѓа во Одделението за средување и обработка на архивска граѓа, Увид и изработка на Планови и листи и Евиденции на архивска граѓа, како и увид во предлог пописни листи за уништување на документарен материјал, во Секторот за инспекциски надзор, Заштита на архивска граѓа преку ламинација, конзервација и реставрација и евидентирање на архивска граѓа, основи на микрофилмување и дигитализација на архивска граѓа, во Секторот за заштита на архивска граѓа – Депо.

Од Мај 2015 година работи во ХЕРА како административен асистент на организацијата.