Марија Ангеловски

Марија Ангеловски

Марија Ангеловски

Марија Ангеловски е родена и живее во Скопје. За време на студирањето, волонтира во ХЕРА Млади каде што е дел од голем број семинари и обуки поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и сексуалните права. Во овој период го остварува првиот контакт со невладиниот сектор каде што е активна до 2013 година.

По завршување на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на отсекот по надворешна трговија, се вработува во мултинационална групација во бизнис-секторот. Професионалниот развој го започнува на работната позиција административен и финансиски асистент, а во периодот од 2013 до 2017 работи на позицијата финансиски аналитичар.

Од март 2018 работи во ХЕРА како социјална претприемачка на „Нега плус“ и на ИПА-проектот „Отвораме можности“.

Главен мотив за повторно активирање во невладиниот сектор е нејзината желба да влијае и создава позитивни промени во општеството, а социјалното претприемништво го гледа како еден од начините да се комбинираат оваа желба и стручните квалификации.