Магдалена Арсовска е социјална работничка која дипломира во 2013 година на Филозофскиот факултет, на Институтот за социјална работа и социјална политика.
Своето работно искуство го започнува во 2015 година во СОС Детско село, каде што работи нешто помалку од 5 години – најпрво како волонтерка, потоа како надворешна соработничка и семејна советничка/социјална работничка во програмата за социјална превенција, со фокус на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик. Како административна асистентка работи на проект за поддршка на семејства настрадани во поплавите во 2016 година, а потоа и во програмата за грижа на млади како воспитувачка/социјална работничка.
Од март 2020 работи во ХЕРА како асистентка на проектот „Активности за теренско ХИВ тестирање и советување“.