Кристина Михајловска

Кристина Михајловска

Кристина Михајловска

Кристина Михајловска е родена е во 1996 година, а дипломира во 2019 година на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Институтот за социјална работа и социјална политика.

Во текот на студирањето покажува интерес во невладиниот сектор како волонтер во неколку меѓународни и локални  здруженија како што се AIESEC, Project HOPE и СЕМПЕР. Од 2016 година е и основач и претседател на Асоцијацијата на студенти по социјална работа „АССР” – Скопје.

Претходното работно искуство го стекнува во социјалната сфера, како персонален асистент на лице со попреченост, финансиски асистент и асистент за логистика на младинска асоцијација за едукативен развој, како и теренски социјален работник за потребите на Министерството за труд и социјална политика поддржано од Меѓународната организација за миграција. Зборува течно англиски и турски јазик, и се има стекнато со диплома за Scrum методологија.

Од 2020 година Кристина е дел од семејството на ХЕРА како координаторка на младинските центри „Сакам да знам” и на Мобилната гинеколошка амбуланта, како и на Советувалиштето за заштита од ризици и употреба на супстанции кај млади лица.