Кристијан Нушков

Кристијан Нушков

Кристијан Нушков

Кристијан Нушков дипломира на Институтот за социјална работа и политика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. По завршувањето на студиите започнува со работа во граѓанскиот сектор – најпрво пет години во ХОПС во Програмата за намалување на штети од употреба на дрога, каде што е и советник за тестирање на ХИВ.

Потоа, единаесет години работи во СОС Детско село Скопје како програмски координатор во Советодавниот центар за родители и деца во општината Шуто Оризари.Таму работи и како семеен советник, при што обезбедува поддршка на семејства со малолетни деца во социјален ризик и работи на нивно зајакнување во правец на обезбедување самоодржливост. Поседува лиценца за работа како социјален работник.

Во работата на ХЕРА се вклучува од самиот почеток на 2022 година како проектен координатор, одговорен за координирање и континуирана поддршка и евалуација на работата на здравствените ординации кои ќе пилотираат сервиси за сексуално и репродуктивно здравје.