Константин Какуринов

Константин Какуринов

Константин Какуринов

Константин Какуринов е дел од тимот на ХЕРА од 2021 година, како проектен координатор на проектот Youth Voices, Youth Choices! кој го истражува влијанието на ковид-19 врз пристапот на младите до услуги за сексуално и репродуктивно здравје.

Додипломските студии ги завршува на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го продолжува своето образование на постдипломски студии во областа на маркетингот.

Во ХЕРА доаѓа со тригодишно искуство во невладиниот сектор кое го има стекнато преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество – Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а бил член и на студентските организации AIESEC и BEST.