Ана Попризова

Ана Попризова

Ана Попризова

Ана Попризова е психолог и Гешталт терапевт. Над 20 години работи во средно училиште како професор по психологија и училиштен психолог. Претседателка е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје.

Добро го познава образовниот систем и има искуство во работа и едукација на наставници, стручни соработници и родители. Посебен  интерес покажува за  психологијата на адолесцентите и ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко.

Во текот на својата работна кариера е посветена на унапредување на добросостојбата на младите луѓе и активно работи на дестигматизирање  на темите како насилство во училиште, булинг, родово засновано насилство и сексуално образование во пошироката општествена заедница.