Катерина Иванова

Катерина Иванова

Катерина Иванова
Катерина Иванова е родена 2001 година, а моментално е апсолвентка на Правниот факултет во Скопје. Во 2022 година ја презема улогата на координаторка на младинската програма, по неколку годишно искуство во ХЕРА како практикантка, волонтерка и пред сè, врсничка едукаторка за ССО.
Искуството со невладиниот сектор ѝ започнува од средното образование како волонтерка во повеќе организации и теренска работничка во Гаранцијата за Млади, па сè до дел од тимот кој го организира Скопје Прајд како координаторка на волонтерската група. Најголем фокус на Катерина ѝ се младите, образованието и човековите права.