Ива Михајловска

Ива Михајловска

Ива Михајловска

Повеќе од 10 години вклучена и активно придонесува во работата на граѓанскиот сектор во областите на социјалната заштита и социјалниот развој, почнувајќи како учесник, тренер, а потоа и како застапник за унапредување на политиките за млади, жени и маргинализираните заедници.

Покрај тоа, со својата работа на застапување, активно се занимава и  спроведува истражувања за правата на децата и лицата со попречености во областите на образование, социјална и здравствена заштита.

Од 2011 година работи во Одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби кај Народниот правобранител.

Во ХЕРА е вкчучена во речиси сите програмски активности, а од 2013 година е член на Управниот одбор.