Гордана Стефковска – Вељановска е искусна професионалка со повеќе од 18 години прогресивно искуство во управување со проекти, институционален развој и организациско зајакнување (ID&OS). Гордана има водено голем број проекти за зајакнување на жените, младите и другите ранливи групи.
Нејзината клучна експертиза е поврзана со социјално вклучување, бизнис инклузија и поддршка, како и програми за интеграција на жени и млади на пазарот на труд. Таа е дипломиран психолог и сертифицирана фасилитаторка за развој на кариера (GCDF), програма лиценцирана под CCE (Центар за поддршка и образование) со седиште во Гринсборо, Северна Каролина.
Гордана се приклучи во ХЕРА од мај 2024 година како менаџер на проектот – Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики. Таа непосредно претходно работеше 7 месеци за UN Women како проектна менаџерка на проектот – Инструмент за родова еднаквост во неговата завршна фаза, а во предходните 3,5 години работеше за УНДП на проект за креирање политики за активирање на пазарот на труд и вработување на ранливи групи.
Таа има големо искуство во работењето со различни донатори и програми финансирани од Делегацијата на Европската Унија, Британската амбасада – Скопје, УСАИД како и посебна билатерална програма за градење капацитети имплементирана од СНВ – Организација за развој на Холандија каде што има работено повеќе од 6 години како советничка за ID&OS.
Гордана е исто така искусна обучувачка и фасилитаторка за изработка на стратегии и насочување на стратешките процеси со клучни национални институции, граѓански сектор и партнери од приватниот сектор и бизнис асоцијации. Таа е ентузијаст за истражување и нејзино хоби се театарот и филмот.