Ева Спасевска

Ева Спасевска

Ева Спасевска

Ева Спасевска е правничка која во 2020 година дипломира на Правниот факултет при Првиот приватен универзитет ФОН – Скопје, а во 2021 година ги завршува специјалистичките студии во областа на меѓународното право и правото на ЕУ.

Станува дел од тимот на ХЕРА во 2022 година, на комбинирана позиција како координаторка на проект и правничка која нуди директна правна помош во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Шуто Оризари, со цел унапредување на пристапот на Ромките до здравствените и социјалните права, а во 2023 година продолжува да работи на економското зајакнување на ранливите групи, со фокус на ромската заедница. Од почетокот на 2024 година, Ева е програмска раководителка на програмата „сексуална и репродуктивна грижа“, како еден од трите главни столба во работата на ХЕРА.

Цврсто верува дека за едно општество да може да се каже дека е функционално, треба да се обрне внимание дали граѓаните кои се дел од него, а особено маргинализираните групи, уживаат еднакви права и слободи.