Драгана Каровска Чемерска

Драгана Каровска Чемерска

Драгана Каровска Чемерска

Драгана Каровска Чемерска започна да работи во ХЕРА во 2014 година како координаторка на проект чиј фокус беше спречувањето и заштитата на ЛГБТ заедницата од дискриминација. Нејзин интерес се човековите права и нивната заштита, овозможување на еднакви можности и елиминирање на дискриминацијата преку застапување, анализи и истражување на тековните состојби.

Правните студии ги завршила на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и живее. Најголемиот дел од работното искуство го стекнала во периодот од 2003 до 2014 година во Институтот „Евро-Балкан“, каде што работела како проектен координатор на голем број проекти во Истражувачкиот центар за родови студии. Исто така, ги координирала и постипломските родови студии по нивното воведување. Понатаму, по прераснувањето на Институтот во Универзитет, како генерален секретар била задолжена за правните и административните работи на Универзитетот. Во периодот од 2011 до 2013 година била академски координатор на Охридскиот летен универзитет.

Драгана е членка на ХЕРА од 2015 година.