Драгана Дрндаревска е правничка, феминистка и активистка за правата на маргинализираните заедници. Во 2009 година има дипломирано на правни студии, по што продолжува на мастер студии од областа на меѓународното право и магистрира со тезата „Стандардите на европското право за спречување и заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“. Во фокус на нејзината работа се човековите права, заштитата од дискриминација и здравствените права на маргинализираните заедници (ЛГБТИ, сексуални работници, корисници на дроги и лица кои живеат со ХИВ).
Работната кариера ја има започнато во Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ. Во 2016/17 година Драгана беше дел од Извршната канцеларија на ХЕРА каде што работеше на унапредувањето на заштитата од дискриминација на ЛГБТИ заедницата. Од 2013 година, Драгана е дел од тимот на Коалиција Маргини. Таа е дел од бројни формални и неформални иницијативи за унапредување на човековите права на маргинализираните заедници и заштита од дискриминација, како Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, Мрежата за заштита од дискиминација, ЛезФем итн.
Од мај 2017 година е членка на Управниот одбор на ХЕРА.